Шејн Ларкин нема да може да игра до крајот на Евробаскет, а дополнително ќе мора да оди на операција. Ларкин ги оштети лигаментите на раката, па ќе отсуствува два месеци, што може да биде проблематично и за Анадолу Ефес.
Турција со Шејн Ларкин беше еден од фаворитите од сенка на Евробаскет, го зазедe второто место во групата А зад Шпанија, но проблеми ќе имаат во пресметката со Французите кои како фаворити ќе влезат во осминафиналето.
Една од причините е повредата на Шејн Ларкин, кој нема да може да игра до крајот на шампионатот.
Тој на првиот меч против Црна Гора се здоби со повреда на прстот, одигра со големи болки, што се покажа како грешка.