Иако Евробаскетот е место каде што треба да се покаже талентот на европската кошарка, интересната статистика вели дека натурализираните Американци се најефикасни по крајот на првата рунда – со 656 поени, пред Србите со 484 поени и Словенците со 464 поени.
„Американците“ ги предводи грузискиот репрезентативец Тад Мекфаден со 75 поени, а исто толку има и Џон Роберсон од Босна и Херцеговина. Тука се и Ди Бост (70) од Бугарија, Кендри Пери (66) од Црна Гора, Еј Џеј Слотер (60) од Полска, како и Лоренцо Браун од Шпанија (56).
На овој список не е Тајлер Дорси од Грција, кој има постигнато 76 поени, бидејќи тој има потекло од Грција, а играше и за јуниорските репрезентации на оваа земја.