Top Sport

Асенсио шутираше шишиња зошто не влезе во игра против Мајорка

Победата на Реал Мадрид против Мајорка (4:1) во петтото коло од Ла Лига остана во втор план по нервозната реакција на Марко Асенсио кој беше незадоволен затоа што не влезе во игра. Тој шутираше топки и фрли шише со вода на клупата откако беше испратен на загревање, а не доби шанса да игра.

„Асенсио е лут затоа што не игра? Се согласувам со него, ќе го имам тоа на ум“, изјави Анчелоти по победата на Реал.

Оваа сезона Марко Асенсио одигра само 17 минути на два натпревари за Реал.

Асенсио се надеваше на минутажа против Мајорка, но од клупата влегоа Начо, Модриќ, Камавинга и Карвахал.

Scroll to Top