Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми беше стрелец на погодок за Динамо Загреб во триумфот (1:2) против Локомотива Загреб. Ова може само да радува во пресрет на собирот на националниот тим за натпреварите од Лигата на нации против Грузија и против Бугарија.
Адеми ја затресе мрежата на Локомотива Загреб во шестата минута, а Куленовиќ успеа да го израмни резултатот седум минути подоцна.
Сепак, Бруно Петковиќ во 47.минута го постигна победоносниот гол за Динамо Загреб.