Раководството на Формула 1 го објави календарот за следната натпреварувачка 2023 сезона 2023, на кој се наоѓаат рекордни 24 трки. Нови трки во програмата се Лас Вегас, како и трката во Кина, која се враќа после три години пауза.
Календарот бил одобрен од Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) и Советот на светскиот мото спорт.
„Рекордните 24 трки во календарот на Формула 1 за 2023 година се доказ за привлечноста на спортот на глобално ниво. Додавањето на нови трки и задржувањето на традиционалните места покажува дека ФИА добро раководи со овој спорт“, истакна претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулами.
Сезоната ќе почне на 5. март во Бахраин, две седмици подоцна е трката во Саудиска Арабија, а на 2. април болидите ќе бидат во Австралија. Циклусот завршува во Абу Даби на 26. ноември.
Introducing the 2023 F1 Calendar ?
Get set for a record-breaking 24 races next season!#F1 pic.twitter.com/t6Jl521H1G
— Formula 1 (@F1) September 20, 2022