Top Sport

Реал Мадрид сака да го доведе Шкриниар на „Бернабеу“

Шпанскиот гигант Реал Мадрид во јануари ќе се обиде да го договори потписот на дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар. На сличен начин „кралевите“ ова лето го доведоа Антонио Рудигер од Челси како слободен агент, а Флорентино Перез сака да продолжи по ист принцип и да го доведе Шкриниар.

Реал Мадрид е подготвен да му понуди 10 милиони евра по сезона на словачкиот дефанзивец доколку дојде како слободен агент. Договорот на Шкриниар со Интер истекува на крајот на сезоната и од јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови.

Пари Сен Жермен се уште е сериозно заинтересиран за Словакот и ќе тргне во комплетна офанзива на почетокот на идната година.

Scroll to Top