Новак Ѓоковиќ вечерва прв пат ќе излезе на теренот во Лејвер купот. Ѓоковиќ прво ќе игра во сингл, против Френсис Тијафо, а потоа во дубл со Матео Беретини против Џек Сок и Алекс Де Минор.
Мечот со Тијафо ќе биде прв за Ѓоковиќ по финалето на Вимблдон, во кое со 3:1 во сетови славеше над Ник Кирјос.
Бидејќи не е вакциниран, Ѓоковиќ ја пропушти комплетната турнеја во Северна Америка.
Пред натпреварите на Ѓоковиќ, резултатот помеѓу тимовите на Европа и Светот е израмнет 4:4.
Победите на Лејвер купот во петок носат еден бод, во сабота два, а во недела три бода.
Победник ќе биде тимот кој прв ќе стигне до 13 поени.