Фудбалските селекции на Македонија и Бугарија играат без голови на арената „Тодор Проески“ по првото полувреме од натпреварот во Лигата на нации. Македонија е десеткувана, игра со фудбалер помалку речиси од стартот на мечот откако црвен картон заработи Тодор Тодороски, за груб старт над противнички фудбалер.
Тодороски ја напушти играта уште во 14.минута, а потоа селекторот Милевски мораше да ја менува концепцијата, го повлече Александар Трајковски и го уфрли Стефан Ашковски.
Во 25.минута, Милан Ристовски упати удар од 20 метри, но бугарскиот голман Даниел Наумов успеа да одбрани.