Top Sport

Пикси: Не сум кувар, па да барам рецепт за Халанд

Српската фудбалска репрезентација во вторник гостува во Норвешка во Лигата на нации. Своите очекувања пред овој натпревар ги искажа селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.

„Секако дека повторно ја имам стартната единаесетка во глава, без разлика што имаме одредени кадровски проблеми. Не можеме да сметаме на Милинковиќ-Савиќ и на Рачиќ.

Сергеј е навистина важен играч во нашиот тим, но има и други момци и не се сомневам дека ќе го најдам вистинското решение, односно играч кој ќе може да го замени. Јас сум тренер кој сака неговиот тим да игра убав и атрактивен фудбал, а така ќе биде и утре во Осло, изјави Стојковиќ.

На првиот меч Норвешка победи со 1:0 во Белград, а единствениот гол го постигна Ерлинг Халанд кој игра во одлична форма.

„Не сум готвач, па да барам рецепт за Халанд. Многупати сум кажал дека тоа е фантастичен играч кој игра во еден од најскапите тимови во светот. Во Манчестер Сити е опкружен со соиграчи од врвна класа и секако во таа ситуација неговиот талент доаѓа до полн израз. Но, мечот кој Норвешка го загуби пред два дена од Словенија потврди дека има решенија и за него. Навистина е тешко да го запрете, но не е невозможно. Треба да бидете максимално сконцентрирани, да се грижите за нивните нафрлувања од крилните позиции, контранападите и да не дозволите да добие многу простор во нашиот шеснаесетник“, истакна Стојковиќ.

Scroll to Top