Луис Квинонес (25) е најновото име во светот на боксот кој плати со живот. Минатиот викенд во мечот од суперлесна категорија за титулата државен првак се соочи со Хозе Муњоз (21), борец кој исто така до тој момент беше непоразен. Квинонес не само што беше поразен за првпат, туку вчера, по пет дена во индуцирана кома, почина.
Колумбискиот боксер се струполи на подот по ударите кои ги доби од противникот во 8. рунда. Веднаш бил пренесен во болницата во Баранкила, каде што бил ставен во индуцирана кома, но за жал, немало помош.
Ова не е прв случај на смрт на боксер оваа година. Слична трагедија се случи претходно во Јужна Африка. Пред неколку месеци, јужноафриканскиот боксер Симисо Бутелези (24) почина откако се здоби со повреди на мозокот на мечот во лесна категорија против неговиот сонародник Сифесиле Мнтунгве.
?Muere a los 25 años el pugilista colombiano Luis Quiñones‼️
?El deceso se dio a las 7:05 p. m. de este jueves 29 de septiembre tras cinco días de haber estado en coma, fue noqueado al terminar el 8vo round contra su amigo y compatriota Jose Muñoz.#Quinones #Box #Colombia pic.twitter.com/qWYhTbiKXB
— Andrey G Maya (@AndreyGMaya) September 30, 2022