Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ надмоќно го освои трофејот на АТП 500 турнирот во Астана откако во финалето го совлада Стефанос Циципас со 2:0 во сетови. Тој успеа релативно лесно да го скрши отпорот на Гркот во финалната пресметка.
Ѓоковиќ ја заврши работата за нешто повеќе од еден час. Првиот сет го доби со 6:3 во гемови, а во вториот му дозволи четири гема на ривалот.
Ова е вкупно 90. титула за Новак Ѓоковиќ во кариерата, а четврти трофеј во 2022 година.