Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри мораше да ја објасни состојбата на неговите клучни играчи Федерико Киеза и Пол Погба, кои долг период се надвор од терените поради сериозни повреди. Ова беше неопходно бидејќи се појавија информации дека двајцата се подготвени за игра.
„Киеза и Погба подготвени? Тоа се фантазии“, рече тренерот на прес-конференцијата во пресрет на домашниот натпревар на неговиот тим против Емполи.
„В сабота ќе играме контрола за да провериме во каква состојба е Федерико. Пол нема тренирано сериозно од 23 јули. А до следниот вторник остануваат само пет дена. Би било вистинско лудило да им дадам шанса”, изјави тренерот на „старата дама“.
Јувентус во вторник гостува на Бенфика во Лигата на шампионите и се освен победа за „бјанконерите“ ќе значи дека тимот нема да се пласира во следната рунда. Но, фокус е мечот со Емполи.
„Нема да биде лесно против Емполи. Лани не победија дома“, се присети Масимилијано Алегри.