Новак Ѓоковиќ немаше поголеми проблеми во првиот меч по Вимблдон, откако со 6:3/7:6(3) за 90 минути го совлада Босанецот Мирза Башиќ, кој на Роџерс купот во Торонто дојде како „среќен губитник“ во последното коло од квалификациите.
Иако, Ѓоковиќ не покажа најдобра игра, тој имаше доволно сили во првиот меч против Башиќ за да обезбеди дуел со Канаѓанецот Питер Полански во второто коло.
„Никогаш не сум играл со Башиќ претходно, но го познавав, бидејќи тренирав со него во минатото. Не беше лесно да се најде ритамот на стартот на мечот, и иако бев исфрустриран на моменти, тоа покажува дека овој турнир ми значи многу“, изјави Ѓоковиќ.
A winning start in Toronto for @DjokerNole!
Tops LL Basic 6-3 7-6(3).#RogersCup pic.twitter.com/vZMeWdZ1mD
— Tennis TV (@TennisTV) August 7, 2018
Стен Вавринка пак, го постави својот кам-бек на вистински пат со 1:6/7:5/7:5 победа над Австралиецот Ник Кирјос, во реванш за дуелот во 2015 година, кој ќе остане запаметен по навредите на Кирјос кон Дона Векиќ, девојката на швајцарскиот трикратен гренд слем шампион.
Откако го загуби слабиот прв сет, 33-годишниот Вавринка покажа дел од своите квалитети во следните два сета.
Јапонецот Кеи Нишикори загуби пет гема на свој сервис за да загуби со 7:5/6:1 од Холанѓанецот Робин Хасе, што претставува трет пораз во три меча за Нишикори, додека Русинот Карен Хачанов со 6:3/6:2 беше подобар од Филип Краиновиќ.