Top Sport

Бен Чилвел ќе го пропушти СП во Катар

Уште еден играч нема да го види Светското првенство во Катар. Станува збор за англискиот репрезентативец Бен Чилвел. Левиот бек се повреди синоќа, во победата на Челси над Динамо Загреб (2:1), во Лигата на шампионите.

Бен Чилвел се повреди во судиското надополнување на мечот на „Стемфорд Бриџ“, а се работи за повреда на тетивата.

За ова по натпреварот зборуваше и тренерот на Челзи, Греам Потер, кој призна дека шансите на Чилвел да заигра на Светското првенство се минимални.

„Повредата не делува добро, ќе ги почекаме дополнителните прегледи. Во една ваква позитивна вечер, тоа е последното нешто што сакавме да се случи“, рече Потер.

Тој исто така призна дека разговарал со Чилвел по натпреварот.

„Разговаравме накратко. Тој почувствува болка, тоа е се. Разочаран е и многу лут”.

Ова е нов удар за Чилвел бидејќи минатата година тешко ги повреди предните вкрстени лигаменти во коленото, поради што беше надвор од терените неколку месеци.

Ова ќе донесе нови проблеми и за селекторот на Англија, Герет Саутгејт, кој има многу проблеми со повреди во пресрет на Мундијалот.

Scroll to Top