На две недели до почетокот на Светското првенство во Катар, фудбалска Србија со нерпение ги очекува информациите поврзани со здравствената состојба на Душан Влаховиќ.
Напаѓачот на Јувентус се повреди против Бенфика во Лигата на шампионите. Се уште не се рехабилитирал од повредата, веќе пропушти три натпревари, меѓу кои е и вчерашното дерби со Интер.
„Ќе видиме што ќе се случува. Моментално има воспаление на препоните и ќе видиме дали ќе се опорави пред Светското првенство“, изјави тренерот на Јувентус, Макс Алегри.
Весто кои не се оптимистичи пристигнуваат и од таборот на српската репрезентација.
„Влаховиќ ја обнови повредата на препоните, се надевам дека ќе биде подготвен за Катар“, изјави директорот на српската репрезентација Стеван Стојановиќ.
Репрезентацијата на Србија во Катар ќе игра во Г-групата против Бразил, Швајцарија и Камерун. Првиот натпревар, против Бразил ќе го одигра на 24.ноември.
Пред тоа „орлите“ ќе одиграат пријателски натпревар против Катар во Бахреин, што ќе биде последен тест. Во оваа група се и Швајцарија и Камерун.