Најдобриот фудбалер на Африка, Садио Мане, ќе го пропушти Светското првенство во Катар, тврди влијателниот француски медиум, „Л’Екип“. Репрезентативецот на Сенегал се повреди вчера на натпреварот од Бундеслигата во кој Баерн Минхен победи против Вердер Бремен со 6:1.
Мане по само петнаесетина минути се пожали на повреда и побара замена од тренерот Нагелсман.
Сенегалците се надеваа дека Садио Мане ќе може да се опорави, но „Л’Екип“ објави информација дека Мане има повреда на тетивата поради која ќе мора да го пропушти Светското првенство.
INFO L’EQUIPE. Sorti sur blessure lors de la victoire du Bayern Munich face au Werder Brême (6-1) mardi soir, le Sénégalais Sadio Mané ne disputera pas la Coupe du monde (20 novembre – 18 décembre). https://t.co/R02vL40Kxo pic.twitter.com/dNZOZxRpnx
— L’ÉQUIPE (@lequipe) November 9, 2022