17-годишниот Лука Ромеро денеска е херој на Лацио, откако го постигна победничкиот гол за 1:0 триумф против Монца, и според италијанските медиуми, дури и големиот Лионел Меси им советувал на Пари Сен-Жермен да го „украдат“ неговиот млад сонародник.
Лацио потпишааа со тинејџерот минатото лето од Мајорка во договор кој „тежеше“ само 200.000 евра, откако тој беше најмладиот дебитант во историјата на шпанскиот клуб. Ромеро веднаш го импресионираше Маурицио Сари и заработи место во првиот тим, со неколку мечеви како замена. Најголемата шанса ја доби вчера, кога одигра едно полувреме во кое ги покажа своите таленти.
Тој веќе доби повик на тренинг-кампот на аргентинската репрезентација од Луис Скалони оваа година, кога работеше покрај Меси, кој бил толку импресиониран што му советувал на ПСЖ да го купат сонародникот.