Top Sport

Првпат во историјата на фудбалот: На СП во Катар ќе судат и жени

На Светското првенство во Катар фудбалската правда ќе ја делат 36 судии, 69 помошници и 24 ВАР судии. Првпат во 92-годишната историја на светските првенства, на списокот има и шест жени – три главни судијки и три помошнички.

Честа да бидат главни судии на најголемото фудбалско шоу во светот ќе ја имаат Французинката Стефани Фрапар,  Салима Мукансанга од Руанда и Јапонката Јошими Јамашита, а како помошници ќе бидат Бразилката Неуза Бак, Мексиканката Карен Дијаз Медина и Американката Кетрин Несбит.

„Со ова се заокружува процесот што го почнавме пред неколку години со воведување на женски судии на машките натпревари, прво во младинските категории, а потоа и кај сениорите. Сите тие си го заслужија своето место на Светското првенство бидејќи секогаш судат на високо ниво. Како и секогаш, нашата селекција на судиите се заснова пред се на квалитетот“, изјави неодамна претседателот на судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина.

„Навистина сум трогната бидејќи ништо не може да биде поголемо од Светското првенство“, изјави 38-годишнината Фрапар.

Таа беше првата жена што судеше во француската Лига 1 во 2019 година, истата година кога го водеше финалето на Светското првенство за жени во нејзината родна земја. Таа го судеше и Суперкупот на Европа во 2019 година помеѓу Ливерпул и Челси, а пред две години стана првата жена која го судеше во Лигата на шампионите, а потоа и во финалето на Купот на Франција оваа година.

„Веќе не се работи за вашиот пол, туку за вашата способност“, додава Французинката.

Јамашита, која е две години помлада од Фрапар, имаше сличен развој во елитното ниво на јапонскиот фудбал, со што стана првата жена која судела натпревар од Лигата на шампионите во Азија во 2019 година.

Јамашита вели дека судењето на Светското првенство е „голема одговорност, но среќна сум што ја имам“, додавајќи дека „никогаш не замислувала“ дека ќе и се даде таква можност.

34-годишната Руанда Мукансанга (34) 20 години веќе судеше во домашната женска фудбалска лига во својата земја. Судеше на Олимписките игри во Токио, Светското првенство за жени, африканската женска Лига на шампиони, а оваа година стана првата жена која судела натпревар на Африканскиот куп на нации.

Scroll to Top