Top Sport

Титулата во Катар носи 52,5 милиони долари

ФИФА ќе плати една милијарда долари за награди и обештетување на фудбалските асоцијации и клубови за претстојното Светско првенство во Катар.

Наградата за титулата на Мундијалот во Катар е 42 милиони долари, но кога на тие ќе се додадат и 1,5 милион што ги добива секоја репрезентација за подготовките и уште девет милиони за учество во групната фаза, тогаш победникот ќе биде 52,5 милиони побогат.

Поразениот финалист ќе добие 30 милиони, вкупно 40,5 милиони, третото место носи дополнителни 27 милиони, а четвртото 25.

Екипите од петтото до осмото место ќе добијат уште по 17 милиони долари.

ФИФА ќе им подели 104 милиони на тимовите од деветтото до 16. место, па секој има награда од 13 милиони.

Светската фудбалска организација додели уште 209 милиони долари за обештетување на клубовите за учеството на играчите на Светското првенство.

Scroll to Top