Францускиот ас Карим Бензема, кој ја освои „Златната топка“, откри дека неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, не му честитал за наградата.
Португалецот не му се јавил да му честита за големото индивидуално признание кое тој во кариерата го освои петпати.
„Не, се уште ми нема честитано“, изјави Бензема за француските медиуми.
Карим Бензема и Кристијано Роналдо девет години беа соиграчи во Реал Мадрид, во периодот од 2009 до 2018 година.