Top Sport

Французинките убедливи против Црна Гора

Женската ракометна репрезентација на Франција продолжува со убедливи настапи на Европското првенство. Французинките остварија сигурен триумф над Црна Гора (27:19) и чекорат кон полуфиналето од групата 2. По првиот дел тие имаа три гола позитива (12:9) а во второто полувреме и дефинитивно го скршија отпорот на Црногорките.

Фопа со шест гола беше најефикасна во победничката селекција, а исто толку постигна и Радичевиќ кај Црна Гора.

Шпанија и Холандија одиграа 29:29 и двете селекции сега имаат по три бода во групата 2.

Scroll to Top