Стефанос Циципас неодамна стана Интернет-ѕвезда по обидот да се самоказнува со удари во главата, меѓутоа во талентот на 19-годишниот грчки тенисер никој не треба да се сомнева, откако тој успеа со 6:3/6:7(5)/6:3 да го елиминира шампионот од Вимблдон, Новак Ѓоковиќ во третото коло на Роџерс купот во Торонто.
За Циципас, кој претходно ги елиминираше Дамир Џумхур и Доминик Тим ова е сигурно најголемата победа во неговата кратка кариера.
Григор Димитров пак, втор меч едноподруго го добива тај-брејкот во последниот сет, за да го совлада Френсис Тиафоу со 7:6(1)/3:6/7:6(4) и да постави четврт-финале против финалистот од Вимблдон, Кевин Андерсон.
Откако во претходното коло со тај-брејк во третиот сет го совлада шпанскиот ветеран, Фернандо Вердаско, му требаа 2 часа и 26 минути против 20-годишниот Американец Тиафоу, кој претходно го елиминираше Милош Раонич.
Циципас се казнуваше за лошата игра со удари во глава! (видео)