Фудбалските судии кои ќе бидаат задолжени за Светското првенство во Катар имаат инструкции да не дозволат опасна игра која може да донесе до повреди, тврди шефот на ФИФА за судии, легендарниот Пјерлуиџи Колина. Тој посочи дека 32-те репрезентации добиле предупредување дека судиите нема да толерираат никакви остри стартови на шампионатот и дека ќе бидат строги.
„Светското првенство е најважниот турнир на светот во нашиот спорт, каде што играат најдобрите фубалери на светот и затоа би била огромна штета некој да го заврши турнирот поради повреда. Првата порака до нашите судии е да ги заштитат фудбалерите. Не сакаме стартови кои може да донесат до повреда, и селекторите треба да очекуваат строги дисциплински мерки, како директен црвен картон“, вели Колина.
На минатото Светско првенство во Русија беа покажани само четири црвени картони, најмалку на еден Миндијал од 1979 година, откако имаше 10 црвени картони во Бразил во 2014, 17 во Јужна Африка во 2010 и фантастични 28 црвени картони на СП во Германиј во 2006 година.
Колина посочи дека трите жени кои ќе бидат судии во Катар, Французинката Стефани Фрапар, Салима Мукасанга од Руанда и Јамашита Јошими од Јапонија ќе бидат третирани еднакво.
„За нас тие не се мажи или жени, туку фудбалски судии. Тука се официјални судии на ФИФА и ги имаат сите обврски и задолженија како сите судии“, додава Колина.