Top Sport

Селекторот на Катар за наводното подмитување на Еквадорците: Интернетот е опасна работа

Неколку дена пред Светското првенство, кое почнува со денешниот натпревар меѓу домаќинот Катар и Еквадор, низ светските медиуми почна да кружи информација дека Катарците поткупиле осум еквадорски репрезентативци со дури седум милиони долари за да им го пуштат воведниот натпревар.

„Циркулираат многу дезинформации. Интернетот е брилијантна алатка, но може да биде и опасна. Се подготвуваме и тренираме со години. Обединети сме, силни сме, никој не може да не дестабилизира. Не сме засегнати со овие критики“, рече на прес конференција селекторот на Катар, Феликс Санчез.

Тој се осврна и на бројните критики за Катар како земја: „Се разбира, не ни се допаѓа што го критикуваат Катар. Што се однесува до фудбалот, добро се подготвивме. Сите играчи се многу мотивирани. Ќе се обидеме да играме добро и бидете конкурентни“.

Воведниот натпревар на Светското првенство за закажан за 17 часот.

Scroll to Top