Top Sport

„Трите лава“ на Герет Саутгејт го понижија Иран

Англиската фудбалска репрезентација стигна до фантастична 6:1 победа над Иран во својот прв натпревар на Светското првенство, зголемувајќи ги надежите на „трите лава“ за добар мундијалски напад. Тимт на Герет Саутгејт беше доминантен во текот на целиот меч и тој може да биде загрижен само за повредата на дефанзивецот Хери Мегваер во второто полувреме.

На почетокот, Англичаните се жалеа на одлуката да не се досуди пенал по фаулот над Мегваер во шестнаесетникот, а потоа во 20. минута, следуваше долга пауза откако иранскиот голман Алиреза Беираванд се судри со свој соиграч и доби повреда на главата. По ова следуваше фуриозна игра на Англичаните. Тинејџерот Џуд Белингем го постигна својот прв гол во 30. минута, за до крајот на полувремето во листата на стрелците да се запишат и Букајо Сака во 43. и Рахим Стерлинг во 45. минута ја осигураа победата на Англија.

И покрај замените во тимот на Карлос Кеирош на стартот во второто полувреме, Сака во 62. минута го постигна својот втор гол за 4:0. Три минути подоцна Мехди Тареми постигна убав утешителен гол за Иран, за Маркус Рашфорд, само што влезе во игра во 76. минута доби убава топка од Хери Кејн за 5:1. Во самиот финиш на мечот уште еден играч кој влезе од клупата, Џек Грилиш зголеми на 6:1, а во судиското надополнувањето, кое траеше невообичаени 10 минути беше досуден и пенал, за Мехди Тареми да ги постави конечните 6:2 во 113. минута од мечот (откако во првото полувреме имаше 14 минути продолжување).

Во вториот меч од групата Б од 20 часот, Велс се „судира“ со САД.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top