Top Sport

ФИФА го забрани белиот дрес на Белгија

Фудбалската репрезентација на Белгија не смее да го носи белиот дрес на Светското првенство во Катар. Фудбалскиот сојуз на Белгија, соопшти дека ФИФА им забранила да не го носат тој дрес бидејќи на него пишува „Love (Љубов)“, а колоритните бои на буквите и бројките се поврзуваат со борбата за правата на ЛГБТ заедницата.

„Ништо не можевме да направиме, не беше можно да разговараме за тоа со ФИФА“, изјави директорот Фудбалскиот сокуз на Белгија, Питер Босерт.

Исто така, капитенот на Белгија, Еден Азар, требаше да носи лента во боите на виножитото, но тоа не е дозволено и во Катар.

Белиот белгиски дрес има бои на виножито и е направен во соработка со„ Адидас“. Го има симболот на „Tomorrowland“, еден од најпознатите фестивали во светот.

„ Тажно е, но ФИФА не ни остави избор. Мора да бидеме внимателни. Не знам дали треба да бидеме упорни, па нашиот гневот да прерасне во конфликт. Не знам што ќе се случи, треба да размислиме. Сите репрезентации се под исти правила. Јас и колегите имаме одредени грижи. Ќе мораме да разговараме за нашиот однос со ФИФА“, изјави директорот на Босерт.

Белгија на Светското првенство на сите натпревари ќе мора да ги носат своите црвено-црни дресови.

Scroll to Top