Трет ден од Мундијалот во Катар и веќе се издвојуваат две необични нешта. Првото е преголемото судиско продолжение на сите мечеви, а второто секако е впечатокот дека стадионите во Катар се полупразни, а организаторот тоа го демантира со „свои“ официјални бројки кои често го надминуваат и капацитетот на стадионот.
Така, на отворањето, на натпреварот меѓу Катар и Еквадор, имаше посета од 67.372 навивачи, иако капацитетот на стадионот е 60.000. Англија и Иран одиграа натпревар на стадионот „Калифа Интернешнл“ пред 45.334 луѓе, а капацитетот на стадионот е 40.000.
Бројките не се совпаѓаат ниту со другите два натпревари, Сенегал против Холандија се одигра на „Ал Тумама“ во Доха пред 41.721 навивачи според официјалните податоци, а стадионот може да собере 40.000 луѓе.
Според извештајот од Катар, синоќешниот натпревар меѓу САД и Велс го следеа дури 3.418 луѓе повеќе отколку што може да собере на стадионот.
The attendance for Senegal vs. Netherlands was announced as 41,721.
The official capacity of the Al Thumama Stadium stadium in Qatar is 40,000.
Here are some photos of the stands…#QatarWorldCup2022 pic.twitter.com/09jdf9TNTf
— Eurosport (@eurosport) November 21, 2022