Top Sport

Поранешната Мис Хрватска ги налути Катарците

Поранешната Мис Хрватска, Ивана Кнол ги налути конзервативните Катарци кои сметаа дека таа покажала крајно непочитување кон нивната култура со серијата фотографии и видеа на Инстаграм. Кнол, која и на претходното СП во Русија беше еден вид на „маскота“ на „коцкестите“ предизвика огромно внимание на мечот Хрватска-Мароко, по што ги критикуваше организаторите.

„Ова е катастрофа! Жал ми е за сите луѓе кои не можат да одат на Светско првенство поради најлошата организација во историјата. Мојот тим не доби Хаја карта по 20 дена чекање иако имаат билети за финалето. Јасно е зошто многу луѓе не сакаат на ова првентство кое наликува на циркус“, напиша Кнол.

Таа исто така ги налути поконзервативните фудбалски фанови поради нејзината облека која ја носеше низ Доха.

Хрватска вториот меч на СП го игра против Канада во недела.

Scroll to Top