Непријатни моменти во фудбалската репрезентација на Србија. По пропуштената шанса за победа против Камерун (3:3), излегоа на виделина несогласувањата меѓу селекторот Драган Стојковиќ Пикси и напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ.
„Влаховиќ и денеска не беше 100% подготвен“, изјави Драган Стојковиќ на крајот од бурното реми со африканскиот тим (3:3).
Сепак, напаѓачот тврди дека е подготвен и очекувал да добие шанса за настап на Светското првенство.
„Секогаш подготвен!“, напиша Душан Влаховиќ на Инстаграм, игнорирајќи го протоколот во српската репрезентација да не се објавуваат информации од личните профили за време на Мундијалот.
Дека нешто се случува, потврди и фудбалерот за врска Марко Грујиќ, кој на инсистирање на новинарите требаше да објасни зошто Душан Влаховиќ, барем не влезе во финишот на натпреварот против Камерун.
„Не знам дали има проблем со повредата, или се работи за нешто друго… Тоа не е прашање за мене!“, изјави Грујиќ.