Сенегалските фудбалери и навивачи не го заборавија легендарниот Папа Буба Диоп откако успеја да се квалификуваат за осминафиналето на Светското првенство на двегодишнината од неговата смрт.
„Лавовите од Теранга“ се во нокаут фазата првпат по 20 години, и капитенот Калиду Кулибали на својата капитенска лента го имаше бројот 19, кој Диоп го носеше во репрезентацијата, навивачите на трибините исто така го носеа овој број, а фудблерите по крајот на мечот му оддадоа почит на „Лавот кој никогаш нема да умре“.
Диоп, кој почина во Париз на 29 ноември 2020 по долго боледување, беше во сенегалската репрезентација последен пат кога ја поминаа групната фаза, постигнувајќи гол против тогаш актуелните шампиони Франција на првиот меч на шампионатот.
An incredible tribute from these 🇸🇳 fans for their No.19 Papa Bouba Diop who passed away on this day in 2020 💛❤💚#BBCWorldCup #BBCFootball #FIFAWorldCup pic.twitter.com/eKvMxspRpL
— Match of the Day (@BBCMOTD) November 29, 2022