Top Sport

Паоло Бенто повеќе не е селектор на Јужна Кореја

Селекторот на Јужна Кореја, Пауло Бенто, по поразот од Бразил изјави дека повеќе нема да ја извршува таа функција. Бразил победи со 4:1 (4:0) во осминафиналето на стадионот „974“ во Доха.

„Нашето учество завршува тука, време е да размислиме за иднината и како ќе изгледа јужнокорејскиот тим. Ќе се одморам и потоа ќе видам што ќе правам понатаму. Сето ова само им го кажав на играчите, претседателот, ја донесов таа одлука уште во септември. Денеска само се потврди, благодарен сум на играчите, дадоа се што можеа“, изјави Бенто.

Тој додаде дека е многу горд на овој тим.

„Иако можеби не беше најдобрата група со која сум работел, сигурно е една од најдобрите”, додаде тој.

Против Бразил немаа многу шанси за пласман понатаму.

„Тажен сум поради крајниот резултат, но горд сум на момците за се што направија во изминатите четири години“, заклучи Бенто.

Scroll to Top