Top Sport

Преголемо его – Роналдо пред сите замина во соблекувалната

Португалија ја декласира Швајцарија (6:1), во осминафиналето на Светското првенство. Кристијано Роналдо како резерва влезе во финишот на натпреварот, а се „истакна“ и откако истиот заврши.

Навика му стана на најдобриот Португалец на сите времиња, прв да замине во соблекувалната.

Додека соиграчите ја славеа победата и ги поздравуваа навивачите, Роналдо веќе беше во соблекувалната.

Истото го направи есенва на „Олд Трафорд“, кога реши да не ја слави победата над Тотенхем со соиграчите.

Егото на Роналдо е преголемо, во текот на мечот нервозно гестикулираше, дури и во моментите кога Португалија водеше со 5:1.

Инаку, ден пред натпреварот, во анкетата на „А Бола“, 70 отсто од Португалците се изјаснија дека Роналдо треба да биде резерва против Швајцарија.

 

Scroll to Top