Јувентус продолжуваат со планирањето на промените во раководната структура на клубот и покрај потенцијалните финансиски и спортски казни кои ги очекуваат, и дел од тој план е враќањето на Бепе Марота на директорска позиција, тврди „Ла република“.
65-годишниот Марота осум години беше генерален директор на Јувентус, од 2010 до 2018, помагајќи Андреа Ањели да го крене клубот на врвот во Италија, но по неговото заминување по наводниот конфликт со Ањели, почнаа проблемите во Торино. Според „Ла република“, Јуве ќе се обидат да го ангажираат Марота да го предводи тимот во ерата „пост-Ањели“, но нема да биде лесно да го убедат, бидејќи тој има договор со Интер до 2025 година, и неодамна изјави дека тоа ќе биде неговиот последен клуб.
Сепак, тој има блиски односи со тренерот Масимилијано Алегри, и има поинаков концепт од неговиот наследник, Фабио Паратичи, комплетирајќи бесплатни трансфери како тие на Пол Погба и Андреа Пирло.
Repubblica – La Juve valuta un clamoroso ritorno: la tentazione è affidarsi a Marotta https://t.co/2OP8fIpZrk
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) December 7, 2022