Лионел Меси беше нервозен и покрај тоа што неговата репрезентација успеа да ја добие драмата со Холандија и да се пласира во полуфиналето на Светското првенство.
„Гаучосите“, прокоцкаа предност од 2:0 против Холандија, но по подоброто изведување пенали ги скршија „лалињата“.
Меси запиша гол и асистенција, а сигурен беше и во пенал рулетот.
На Твитер се појави снимка од Меси како луто зборува со некого, во микс зоната, по завршувањето на натпреварот.
„Што гледаш глупав еден“.
Се претпоставува дека овие зборови се упатени кон стрелецот на двата гола за Холандија, Беиг Вегхорс.
Hasta nervioso se puso el colega, “tranquilo Leo”.
¿A quién cargaba Messi? pic.twitter.com/lyGRuvbyNJ
— mauricio pedroza (@mauriciopedroza) December 9, 2022
Најдобриот Аргентинец имаше замерки на судењето. Шпанецот Лахоз покажа 14 жолти картони (осум за Аргентина, шест за Холандија).
„Не можете да назначите таков судија за толку важен натпревар. Верувам дека ФИФА мора да се погрижи за тоа“, рече Меси.
Инаку, Меси, во текот на натпреварот го провоцираше холандскиот селектор Луј ван Гал. Кога го реализираше пеналот за 2:0, голот го прослави во стилот на Хуан Роман Рикелме, кого Ван Гал го избрка од Барселона.