Баерн Минхен е во потрага по замена за Мануел Нојер кој ја заврши сезоната поради бизарна повреда. Поради непрофесионалноста на Нојер, Баерн може да се соочи со големи проблеми до крајот на сезоната, во која клубот од Минхен влезе со големи амбиции.
Нојер, по елиминацијата на Германија од Светското првенство, на одмор со пријателите, ја скрши ногата. Голманот, веднаш бил опериран и за него сезоната е завршена.
Баерн сега мора да бара голман во зимскиот преоден рок. Баварците тешко ќе го вратат Александар Нибел од Монако каде што го испратија на позајмица.
Исто така, големо прашање е дали 26-годишниот голман ќе се согласи да дојде шест месеци како принудно решение, особено што се наведува дека не е во добри односи со тренерот на голманите на германскиот шампион, Тони Тапаловиќ.
Оливер Кан изјави дека Баерн ќе биде трпелив во изборот, но нема многу време.
Како единствена опција засега се појави името на Кејлор Навас, во Минхен планираат да стапат во контакт со Пари Сен Жермен.
Баварците не се убедени дека ќе се постигне договор, бидејќи овие два тима се среќаваат во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Се шпекулираше дека Баварците се заинтересирани за хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ, но од клубот стигна демант, веројатно и поради цената. По одличните настапи на СП, Динамо бара најмалку 15.000.000 евра за својот голман.
Во комбинација влегува и Швајцарецот, Јан Зомер, кој на крајот од сезоата ќе биде слободен играч, а за кого интерес покажува Манчестер јунајтед.
Да потсетиме, шампионите во Бундеслигата во моментов на располагање ги имаат ветеранот Свен Улрајх и тинејџерот Јоханес Шенк, кој се уште не дебитирал за првиот тим.