Репрезентацијата на Хрватска во вторник од 20 часот ќе игра против Аргентина во полуфиналето на Светското првенство.
Селекторот на Хрватска Златко Далиќ изјави дека неговиот тим има волја, сила и енергија да ја победи Аргентина и да се пласира во финалето.
„Ние сме меѓу четирите најдобри репрезентации во светот. Голема работа е да се успее на два последователни Светски првенства. Сакаме повеќе, бидејќи играме против големата Аргентина, предводена од Лионел Меси. Има поголем притисок врз нив , бидејќи знаеме како играат и во кој правец сакаат да го водат натпреварот. Јас сум оптимист и верувам во играчите, покажаа квалитет и карактер. Без тоа немаше да стигнеме до полуфинале. нема да се прилагодиме на нашиот ривал, ќе ја играме нашата игра и за резултатот“, рече Далиќ на прес-конференција во Доха.
Далиќ истакна дека Хрватска мора да игра како на натпреварот против Бразил во четврт-финалето на Мундијалот.
„Се потрошивме преку две продолженија, но стигнавме до полуфиналето. Имаме сила, волја и енергија. Дававме максимум на секој натпревар, а истото ќе го направиме и против Аргентина. Знаеме колку треба да потрошиме и Ние сме подготвени за тоа. Нема да ги прашувам момчињата дали се уморни, тие не сакаат да бидат уморни“, додаде хрватскиот селектор.