Top Sport

Владо Илиевски доби награда за животно дело од Општина Струмица

Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Владо Илиевски, доби признание за животно дело од Општина Струмица.

На одбележувањето на Денот на заштитниците на градот – Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици, Владо Илиевски доби награда за животно дело за својата блескава кариера во кошарката и за презентацијата на својот роден град ширум светот.

Владо Илиевски во кариерата играше за гиганти како Барселона и Монтепаски Сиена, и заедно со Горан Пандев е еден од најдобрите спортисти кои потекнуваат од градот Струмица.

Scroll to Top