Асот на Милан Златан Ибрахимовиќ смета дека исходот од Мундијалот е одамна познат. Во разговор со новинарите во Дубаи, каде Милан моментално учествува на егзибициски турнир, шведскиот ас даде свое мислење за Светското првенство во Катар.
„Мислам дека веќе е напишано кој ќе го освои пехарот. Знаеш многу добро дека мислам на Меси. Хрватска и Франција се одлични репрезентации, но јас не го доведувам во прашање триумфот на Аргентина“, изјави 41-годишен напаѓач, кој една година играше со Аргентинецот во Барселона.
Како и повеќето луѓе, тој беше воодушевен од резултатот на Мароко, кој стигна до полуфиналето.
„Искрено, тие не ме изненадија, имаат одличен квалитет. Сè може да се случи на Светското првенство. Тие се добар тим и сега немаат што да загубат. Ќе им бидат многу опасен ривал на Французите“, вели Ибрахимовиќ.