Top Sport

Реграгуи: Можеби сум луд, но одиме во финале

Селекторот на Мароко, Валид Реграгуи им се обрати на новинарите во пресрет на историското полуфинале со Франција на Светското првенство во Катар.

Реграгуи ги пофали навивачите и ја истакна важноста на поддршката од трибините, која неговата селекција ја има на овој Мундијал.

Мароко во среда од 20 часот ќе ја пречека селекцијата на Франција.

„Тимот ќе игра во атмосфера, како да играме на домашен терен. Целиот свет ќе ја види лудата љубов на навивачите кон националниот тим, што дефинитивно ќе им помогне на нашите играчи да се пласираат во финалето. Можеби сум луд, но верувам дека во недела ќе играме за титулата“, изјави Реграгуи.

„За мене нашите навивачи се најдобри во светот, можеби само Бразилците и Аргентинците можат да им парираат“, додаде тој.

„И мило ми е што целиот свет сега знае за мароканските навивачи. Тоа се луди луѓе кои ја сакаат својата земја, своите клубови. Утре ќе имаме поддршка од најмалку 20 илјади навивачи, па ќе играме како дома, што е важно за нас“.

Селекторот на Мароко потсети на фактот дека неговиот тим е гладен за успех и ќе направи се за да се пласира во финалето.

„Главната работа е тимскиот дух. Сите играчи знаат дека треба да дадат максимум. Секогаш играме тимски и со добар став. За мене духот е се во фудбалот. Играњето со срце е најважно“, изјави Реграгуи.

Scroll to Top