Top Sport

Вистинско постигнување – првпат на едно СП ниту еден уапсен англиски навивач!

Ниту еден англиски навивач не беше уапсен на Светското првенство во Катар, потврди Марк Робертс, шефот на Одделот на британската полиција задолжен за фудбал, кој го пофали однесувањето на Англичаните на Мундијалот. Се верува дека ова е првпат ниту еден Британец да не биде уапсен на Мундијалите во модерната историја.

Ова „добро однесување“ доаѓа по скандалот на домашното Европско првенство минатата година, кога англиските навивачи направија хаос околу „Вембли“ пред финалето со Италија (кое го загубија). Според Робертс, за доброто однесување придонела и одлуката на ФИФА и организаторите да не се продава пиво на стадионите.

„Во текот на мечевите на Англија и Велс имаше нула полициски инциденти и нула апсења на британски државјани. Однесувањето на англиските и велшките фанови во Катар беше за пример. Во Русија во 2018 година имаше три уапсени личности за споредба. Атмосферата на мечевите беше страствена, но пријателска“, изјави Робертс.

Scroll to Top