Top Sport

Модриќ со емотивна порака по шпекулациите за повлекувањето од репрезентацијата

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, „вечниот“ Лука Модриќ објави емотивна порака преку социјалните мрежи по шпекулациите дека саботниот меч за бронза на СП во Катар ќе биде негов последен меч во „коцкестиот“ дрес.

„Светот ни оддава голем респект и по поразот. Нашите навивачи се горди до небото што сме меѓу најдобрите 4 на светот. Како и во Русија во 2018, така и сега, горд сум што сум капитен на репрезентација која на дело покажа сила, заедништво, храброст и карактер на борци за нашата Хрватска. Тоа се вредности кои не можат да се сменат кога е тешко. Тогаш се уште поважни! Во сабота продолжуваме гордо по истиот пат. Над сите, Хрватска“, напиша Модриќ.

Сепак, селекторот Златко Далиќ на прес-конференција призна дека 37-годишниот фудбалер на Реал Мадрид размислува за повлекување од репрезентацијата.

„Тој беше многу разочаран вчера, поразот и мечот многу тешко му паднаа. Логично е да размислува за такви работи. Јас се надевам дека ќе продолжи со репрезентацијата. Секако, тој самиот ќе донесе одлука. Сега имаме меч во сабота и ќе зборуваме потоа. Ќе биде многу тешко за нас ако Модриќ се повлече“, принава Далиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luka Modric (@lukamodric10)

Scroll to Top