Селекторот на фудбалската репрезентација на Мароко, Валид Реграгуи, по поразот од Франција (0:2) во полуфиналниот натпревар на Светското првенство во Катар изјави дека неговите играчи го дале максимумот и дека е горд поради тоа.
„Го дадовме нашиот максимум, тоа е најважно. Загубивме многу фудбалери поради повреди, Агера на загревањето и други играчи во текот на мечот. Тоа беше премногу за нас. Во второто полувреме притискавме, беше многу подобро, но не успеавме да израмниме“, изјави Реграгуи.
Мароко ќе се сретне против Хрватска в сабота, во дуелот за третото место на Светското првенство во Катар.