Top Sport

Судијата што ќе дели правда во финалето: Ова за мене е како да сум светски шампион

Во финалето на Светското првенство в недела ќе играат бранителот на титулата Франција и финалистот од 2014 година, Аргентина. За двете репрезентации ова значи можност да ја освојат третата светска шампионска титула во историјата, а финалето ќе го суди Полјакот Шимон Марчинијак.

Во пресрет на најголемиот натпревар во кариерата, Марчинијак изјави:

„Фантастично е, тоа беше мојот сон уште од дете. Морам да бидам фокусиран секоја секунда, да не губам концентрација. Очекувам одличен меч. Аргентина и Франција имаат одлични играчи способни за големи работи“.

Полјакот веќе им судеше на финалистите на турнирот во Катар. На Французите во триумфот над Данците во групата со резултат 2:1, а на Аргентина во победата над Австралијците во осминафиналето.

„За мене секако е предност што сум судел на двете селекции. Ги познавам, тие ме познаваат мене и сигурен сум дека ќе завршаме добра работа. Да се ​​суди во финалето на Светското првенство за мене е како да сум светски шампион“, посочи Марчинијак.

Scroll to Top