Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје доживеа нов пораз во регионалната АБА-лига. Избраниците на тренерот Александар Петровиќ загубија од Задар со 98:79, а тој призна дека ривалот го надиграл во сите елементи на кошаркарската игра.
„Сакам да му честитам на Задар за победата и феноменално одиграниот меч. Нѐ надиграа во секој сегмент на кошарката, имаа двојно повеќе скокови, имаа двојно повеќе желба да се надигруваат со нас и тотално нѐ надиграа во сите елементи на кошарката“, изјави Петровиќ.
Македонскиот тим во моментот се наоѓа на последното место, а во следното коло МЗТ ќе биде домаќин на Сплит, еден од конкурентите за опстанок.