Фудбалската репрезентација на Хрватска го освои бронзениот медал на Светското првенство победувајќи го Мароко со 2:1, a по големиот успех се сличил и скандал кој го предизвикал Дејан Ловрен во микс зоната навредувајќи неколку хрватски новинари.
Како што информираат медиумите од Хрватска, сѐ започнало со тоа што Ловрен поминал покрај новинарите без да даде изјава. Откако ја напуштил микс зоната, еден од новинарите се насмеал. Ловрен го слушнал и се вратил почнувајќи да навредува некои од новинарите.
„Не, вие не сте горди на овој успех. Вие сте еден од ретките што не плукаше од почетокот и не веруваше“, викал Ловрен, а кога новинарот му одговори дека не е вистина, хрватскиот стопер бил уште погласен:
„Еве и сега ме исмејуваш, смрдливец ниеден. Ти и овој господин. Не го снимивте тоа, нели?“, извика Ловрен.
„Не се однесувајте вулгарно, нема смисла да кажувате такви зборови пред 30 луѓе“, се обиделе да го смират Ловрен дел од новинарите.
„Па, тоа е вистината“, одговорил фудбалерот.