Поранешниот соиграч на Лионел Меси од аргентинската репрезентација, Пабло Забалета беше лут откако пред доделувањето на трофејот на капитенот Меси, катарскиот шеик реши да го покрие фудбалерот со традиционална арапска облека по име бишт, така покривајќи го аргентинскиот грб.
35-годишниот Меси беше повикан последен на подиумот за да го крене трофејот и до подиумот го следеа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и емирот на Катар, Шеик Тамим Бин Хамад Ал-Тани. Двајцата му го облекоа биштот на Меси, така покривајќи голем дел од аргентинскиот дрес.
„Зошто? Навистина не гледам причина да се направи ова“, изјави Забалета, кој беше дел од тимот на Аргентина кој во 2014 загуби во финалето на СП во Бразил од Германија.
Со него се согласи и Гери Линекер.
„Неверојатни сцени, одлични фотографии од прославата. Вистинска срамота, што на некој начин го покрија Меси во неговиот аргентински дрес“, изјави Линекер.
Бишт е традиционална арапска облека, која вообичаено се дава на гостите на свадби и други официјални церемонии.
A final flourish from Qatar.
Dressing Lionel Messi in a bisht before allowing him to lift the World Cup.
What on earth are we watching? pic.twitter.com/yWpkcAgi91
— Gareth Davies (@GD10) December 18, 2022