Престолнината на Литванија, Каунас, за првпат во историјата ќе биде домаќин на завршниот турнир во Евролигата за сезоната 2022/2023.
Информацијата на својот Твитер профил ја објави познатиот новинар Донатас Урбонас, кој е добро упатен во кошаркарските збиднувања.
Урбонас најави и дека Берлин ќе биде домаќин на завршниот турнир за следната сезона, 2023/24. Да потсетиме, лани домаќин беше Белград, а титулата ја брани турски Ефес.
Интересно е тоа што и Берлин во краток временски период трет пат ќе биде домаќин на завршниот турнир. Берлин беше организатор на завршниот турнир во 2016 година, кога титулата ја освои ЦСКА Москва, односно во 2009 година, кога шампион стана Панатинаикос.