Top Sport

Се огласи Мбапе: Ќе се вратиме

Килијан Мбапе, најдобриот стрелец на Светското првенство во Катар, се огласи на социјалните мрежи. Мбапе постигна хет-трик во финалето против Аргентина, но Франција не успеа да ја одбраби титулата. Аргентина по 3:3, победи на пенали 4:2.

„Ќе се вратиме“, напиша 23. годишниот играч на ПСЖ. Мбапе е третиот во фудбалската историја кој успеал да постигне три гола во финален натпревар. Претходно тоа им успеа на Пеле и Џеф Херст.

Килијан Мабпе на своето конто има веќе 12 гола на Мундијалите и се очекува да го мине Мирослав Клосе кој со 16 гола е на врвот не вечната листа.

Килијан Мбапе веќе има едно Светско првенство во колекцијата, пред четири години во Русија, а несомнено е дека во продолжението на кариерата со својата Франција ќе биде сериозен кандидат за освојување на уште еден Мундијал.

 

Scroll to Top