Швајцарскиот скијач Бит Фојц соопшти дека последно натпреварување во кариерата ќе му биде спустот, кој ќе се одржи на 21 јануари во Кицбил во рамките на Светскиот куп.
„Поместувањето на границите и преземањето ризици е мојата страст со години во скијачките трки. Мојата интуиција често беше клучот за успехот. Денес мојата интуиција ми кажува дека моите физички граници се достигнати”, изјави актуелниот олимписки шампион во спуст.
Фојц освои уште два олимписки медали во кариерата, сребрен во супер-Џи во Пјонгчанг 2018 година и бронза истата година во спуст.
Тој беше и светски шампион во скијање во спуст во 2017 година, а 35-годишниот скијач освои четири Кристални глобуси во таа дисциплина како дел од Светскиот куп.