Top Sport

РК Алкалоид влезе во новиот дом

Најмладиот член во Супер лигата, ракоемтниот клуб Алкалоид, ја претстави својата нова база. Во иднина, клубот ќе настапува во салата во Автокоманда. Во изминатиот период салата беше комплетно реновирана.

РК Алкалоид и вториот тим РК Мулти Есенс, своите натпревари ќе ги играат во Автокоманда, а салата ќе биде база и на младинските школи.

„Чест и привилегија е за клуб како нашиот да имаме свој дом, тоа е предуслов, основа и база за понатамошна добра и квалитетна иднина. Презадоволен сум од она што го сработивме досега. За само една година од Првата лига, клубот успеа да избори пласман во Супер лигата. РК Алкалоид е вистински пример не само за клубовите во Македонија, туку во регионот и не само во овој спорт. Ќе бидеме уште поквалитетни како што ќе минува времето“, изјави тренерот на РК Алкалоид, Кирил Лазаров.

„Овој важен проект за мак-ракометот има за цел да регрутира млади таленти. Основна идеја и цел е да го шириме нашиот проект. Сакаме да изградиме систем во кој сите ќе се вклопат и човековите вредности и растот ќе бидат на прво место.. Мисијата ќе биде исполнета кога ќе го добиеме новиот Кире, Столе, Жути, Манасков“, рече Живко Мукаетов.

На промоцијата на новиот дом на РК Алкалоид, клубот ги претстави и новите дресови.

Фото/rkalkaloid.mk

Scroll to Top